Состојки:
400 г овча урда
1 китка босилек
1 лимон
6 лажици ливадски мед
2 лажици кафеав шеќер
20 излупени бадеми
Приготвување:
- Со миксер измешајте ја урдата со медот, шеќерот и кора од лимон.
- Ливчињата од босилекот ставете ги во блендер и мешајте ги со сокот од лимонот се додека не добиете зелена паста.
- Потоа пастата од босилек ставете ја во смесата со урда и мешајте додека не добиете компактна смеса.
- Бадемите грубо здробете ги преку крпа со помош на дрвено сукало или чекан за месо. Сервирајте го кремот во чаша, а најгоре ставете парченца бадеми.