Оваа мини тортичка е доволна за 4-6 лица, многу едноставно и брзо се прави. Освежува подобро и од сладолед.
Состојки:
За подлогата:
1 шолја бадеми
5 урми
2 лажици кокосово масло
Кора од лимон
За кремот:
1 зрело авокадо
1 шолја натопени индиски оревчиња
Ванила
1/4 шолја растопено кокосово масло
Кора и сок од две лимети
3 лажици мед
Приготвување:
- Состојките за подлогата ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете смеса од лепливи трошки. Ставете ја смесата во калап обложен со хартија за печење и добро притиснете. Можете да одвоите дел од смесата за подлога и од тоа да направите бомбици за декорација.
- Состојките за кремот мешајте ги во блендер, прво полека, а потоа зголемете ја брзината, додека не добиете компактна смеса. Распоредете го кремот врз подлогата и украсете со парчиња лимета и ливчиња од кокос. Ставете ја тортата во замрзнувач преку ноќта, а потоа, барем 1-2 часа пред послужување преместете ја во фрижидер.