На 7.јуни во Дистрикт бар и ресторан ќе бидат отворени Деновите на шведска храна кои ќе траат до 16.јуни.
Специјалитетите кои ќе бидат претставени на дегустацијата по повод отварањето на Деновите на шведска кујна, како о менијата за сите останати денови ќе бидат дело на шведскиот мастер шеф Магнус Албректсон. Тој е еден од ретките готвачи кои ја имаат подготвувано храната за свечената вечера по повод доделувањата на Нобеловата награда која секоја година ја организира шведското кралско семејство.
Шведската кујна во последно време се повеќе ги освојува европските трпези, што се гледа и по се попознатите и често посетувани врвни шведски ресторани и во Шведска и надвор од неа. А тука се и успесите на шведските готвачи на светски реномираните напревари како што се Кулинарската олимпијада и престижниот Bocuse d’Or.