Што вели науката за исхраната без глутен?

0
1077

Најновите истражувања спроведени на Универзитетот Харвард покажуваат дека исхраната без глутен, која е особено популарна последните неколку години, може да биде многу опасна за нашето здравје и организам.

Секако, во ова не спаѓаат заболените од целијакии од кои боледува еден отсто од целокупното население.

Целијакијата е болест кај која имунолошкиот систем реагира на глутенот и го напаѓа тенкото црево, па заболените никако не смеат да го консумираат.

Но само заболените од целијакии!

Последните години е во тренд избегнувањето на овој „омразен“ протеин кој се добива од пченица, р’ж, јачмен и други сродни житарки.

Но реалноста е сосема поинаква, па луѓето кои не боледуваат од целијакии би требало дури да размислат за зголемување на внесувањето на глутен за да ги избегнат хроничните болести, а особено дијабетесот.

Истражувањето опфатило анализа на 30-годишните здравствени податоци од вкупно 200.000 испитаници.

Не се пронајдени никакви негативни последици од глутенот за здравјето, но откриено е дека луѓето кои значително го намалиле внесувањето на глутен или воопшто не го консумираат имаат дури 13 отсто поголем ризик да заболат од дијабетес  тип 2.