Што пиете со оброците?

Кога правите ручек обрнете внимание на тоа што ќе послужите за пијалок затоа што тоа би можело многу да влијае врз здравствениот квалитет на вашиот оброк.

0
192

Американските стручњаци утврдиле дека се поголеми изгледите дека некој ќе јаде зеленчук со ручекот и овошје како десерт ако одбере вода наместо некој зашеќерен газиран сок.

Истражувачите на Универзитетот во Мичиген анкетирале 60 млади лица на возраст помеѓу 10 и 23 години за нивните комбинации на храна и пијалок. Заклучиле дека лицата кои често пијат газирани сокови во поголема мерка јадат солена храна полна со калории, како што се пржените компирчиња.

Во друга студија со слична тематика, стручњаците од Универзитетот во Орегон проучувале мали деца на возраст помеѓу 3 и 5 години. Оние денови кога пиеле вода со оброкот, јаделе повеќе сиров зеленчук (пиперки и моркови) во споредба со деновите кога пиеле сокови.

Авторите на истражувањата тврдат дека комбинациите на храна и

Газираните сокови не се на добар глас. Многу студии ги поврзале со зголемен ризик од развивање на рак на панкреас, срцев удар, дебелина или пак респираторни проблеми. Заради нивните високи калориски вредности, многу луѓе ги заменуваат со нивната диетална алтернатива, но дали тоа навистина значи промена кон подобро кога станува збор за здравјето?

Секако дека не. Затоа, секогаш најдобра замена за нив е водата.

Фото: Pexels