Штангли од тиква со крем-сирење

Сочни и зачинети, со кралицата на есента, овие штангли со тиква се одлични за појадок, закуска или како десерт.

0
271

Состојки:

4 јајца

1 шолја шеќер

1 шолја масло

1 шолја и ¾ пире од тиква

1 лажичка ванила

2 шолји брашно

2 лажички прашок за пециво

1 лажичка сода бикарбона

2 лажички цимет

¼ лажиче морско оревче

¼ лажиче ѓумбир во прав

За кремот:

Крем сирење

Шеќер

Ванила

Пченкарен скроб

Приготвување:

Изматете ги јајцата со шеќерот, потоа додадете го маслото, пирето од тиква и 1 лажичка ванила. Додадете ги сувите состојки: 2 чаши брашно, 2 кафени лажички прашок за пециво, 1 лажичка сода бикарбона, 2 лажички цимет, ¼ лажичка морско оревче и ¼ лажичка ѓумбир во прав. Ставете ја смесата во тепсија.

Потоа направете ја мешавината за кремот. Измешајте омекнато крем сирење, шеќер, ванила и пченкарен скроб додека не се изедначи смесата. Преместете ја мешавината во кесичка и отсечете го аголот па нацртајте ги линиите дијагонално врз смесата од тиква.

Печете 25-30 минути. Оставете да се олади целосно пред сервирањето.