Шпагети со ракчиња и рукола

0
1144

Состојки:
455 г шпагети
морска сол
мелен црн пипер
маслиново масло
2 чешниња лук, ситно сечкани
1-2 сушени црвени чили пиперки, изронети
400 г излупени свежи ракчиња (или смрзнати)
1 мала чаша бело вино
2 лажици пире од доматие или 6 сушени изблендирани домати
сок од 1 лимон (сочувајте ја и кората)
2 раце рукола, крупно сечкана

Приготвување:
1. Сварете ги шпагетите во солена зовриена вода, според упатството на пакувањето. Во меѓувреме згрејте маслиново масло во голема тава за пржење и ставете ги внатре лукот и чилито. Кога лукот ќе почне да добива боја, додајте ги ракчињата и пропржете една минута. Додајте го белото вино и пирето од домати и оставете го тоа на оган неколку минути.

2. Кога шпагетите ќе бидат готови, процедете ги во голема цедалка, но сочувајте настрана малку од водата во која се вареле. Измешајте ги шпагетите со сосот, додајте го сокот од лимон и половина од руколата. Ако вкусот на сосот ви е прејак, разредете го малку со водата во која се вареле шпагетите. Ставете го јадењето во 4 порции и одозгора изрендајте кора од лимон и додајте го остатокот од руколата.