Сигурно веќе „милион пати“ сте јаделе шопска или грчка салата, вкусна комбинација на домати, краставици, сирење и знаете дека е освежителна и вкусна, но кај некои можат да предизвикаат гасови или болка во стомакот. А еве и зошто.
Доматите и краставиците не би требало да се најдат заедно во салата, затоа што заради различното време на варење можат да ви направат стомачни проблеми.
Мешањето на намирници кои имаат различно време на варење може да претставува проблем за оние со чувствителен желудник.
Ова нема драматичен ефект, но може да ви предизвика гасови, надуеност или болка во желудникот, што секако не сакате ако имате чувствителен стомак.
Покрај тоа што не се варат во исто време, краставицата содржи и ензим кој го разорува витаминот Ц, но тој се неутрализира со додавање на киселина, па решението е во додавањето на малку оцет во салатата.