Ширден

0
1006

Состојки:

500 г јагнешко месо и изнутрици
1 главица кромид
2 чешниња лук
½ лажица црвен пипер
сол, бибер

100 г маслиново масло
200 мл вода
100 мл Пиво

Приготвување:

  1. Доколку самите гио подготвувате, најпрвин ширденот треба темелно да се исчисти, да се иструга и потоа да се полни.
  2. Месото се сечка на мали коцкички и се мие со вода. Во тенџере се става масло, се додава месото и се пржи околу 30 мин. Пред крајот на пржењето се додава ситно сечканиот кромид, по што сѐ се пропржува уште 5 минути. Се додава ситно исечкан лук, сол, бибер и црвени пипер.
  3. Наполнете го ширденот, ставете го во сад за печење и налејте пиво и вода до половина. Ставете малку црвен пипер, прелијте со масло, и избоцкајте го со чачкалица за да не испука при печењето.

Печете во рерна на температура од 180C, околу 60 минути.