Секое прекршување на правилата за здрава исхрана ќе доведат до проблеми со вишокот на килограми.
Потребни се прилично многу „лоши калории“ за да се здебелите, па некое колаче, коцка чоколадо или кекс не мора да претставуваат кардинални грешки. Најважно е да не претерувате, но не мора да се откажувате од нив за секогаш.
Веганскиот или вегетаријанскиот режим на исхрана се подобри од другите. Факт е дека тие можат да бидат навистина здрави, ако се погрижите на својот организам да му ги обезбедите сите оние нутриенти кои му се потребни, но само затоа што наеднаш сте одлучиле да престанете да јадете месо и млечни производи, не значи дека наеднаш ќе заблескате и инстантно ќе го подобрите своето здравје. Месото и млечните производи му обезбедуваат на организмот протеини, калциум и здрави масти, а со тоа секако дека можат да бидат дел од здравата исхрана.
Подобро е да се јадат лајт, отколку полномасни производи.
Многу луѓе веруваат дека сите лајт производи се автоматски подобри и поздрави, но таквите производи се често полни со вештачки засладувачи и други состојки кои служат како надоместок за сето она штетно што го заменувааѕ, а со самото тое се често и понездрав избор. Од нутриционистичка гледна точка, подобро е да се јаде помала количина стандарден производ отколку поголема количина лајт верзија.
Сите намирници е подобро да се јадат сирови. Темелната претпоставка на заговорниците на оваа идеја е дека при готвењето намирниците губат од својата нутритивна врендост, но факт е дека тоа не важи за сите намирници. Напротив, некои намирници се покорисни ако се термички обработени отколку сирови, како на пример, доматите кои кога се варени се подобар извор на антиоксиданси.
Овошјето и зеленчукот би требало да се консумираат свежи.
Понекогаш е подеднакво здраво, а понекогаш дури и поздраво, кога овошјето и зеченчукот се консумираат откако биле смрзнати. Се разбира, би требало да се замрзне набргу откако ќе биде набрано и во тој случај е подобро од свежжото кое полека губи од својата нутритивна вредност при транспортот.
Глутенот треба да се избегнува.
Ова е точно за оние што боледуваат од целијакија, но останатите, освен што консумирајќи производи без глутен ќе бидат помалку надуени и прилично финансиски ослабнати, од избегнувањето на глутенот нема да имаат претерана корист. Напротив, многу производи без глутен се посиромашни со влакна, железо и други витамини и минерали од стандардните верзии на тие исти производи кои содржат глутен. Значи, во нормални количини е се дозволено, па и производите кои содржат глутен.