Здружението за социјални иновации „АРНО“ во соработка со здружението „Слоу фуд Водно“ и СУГС „Лазар Танев“ на менито ви нуди нова тура од 5 часови за готвење со инструктори-професионални готвачи.
Серијата „Часови за готвење слоу фуд“ продолжува на 23. 02.2019 (сабота) во 15:00 часот, со „Протеински растенија“.
Со помош на инструкциите на шеф Зоран Мајновски ќе имате можност да подготвите:
– хумус од наут со брускети од домат и босилок
– ќофте од леќа во сос од морков
– бисквит од бадем со мус од лешник и слатко од капини
На сите часови учениците-готвачи од СУГС „Лазар Танев“ ќе бидат во улога на ваши асистенти и ќе бидат тука во секој момент за поддршка и помош.
На часот можат да присуствуваат максимум 10 учесници.
Цената за учество на оваа работилница е 1200 денари.
Со секој купен ваучер учесниците добиваат: намирници потребни за подготовка на јадењата, час од 90+ минути исполнет со дружење и забава, инструкции од искусни гастро-шефови, помош од учениците-готвачи и секако, можност да го споделат или понесат со себе јадењето кое сами го приготвиле.