Станува збор за многу скап зачин кој се произведува во источен Иран. Имено, близу 90 отсто од снабдувањето со шафран во светот потекнуваат од Иран.
Овој зачин е познат по специфичниот вкус и портокаловата боја што ѝ ја дава на храната, а се користи и во традиционалната медицина.
За 1 килограм сув шафран се потребни 100 килограми цвеќе, односно, 170 илјади цветови, а освен за готвење, во Иран, кој е најголем производител на шафран во светот се користи и во традиционалната медицина како превенција од кардиоваскуларни болести и канцер.
Со оглед на тоа што е најголем производител на шафран во светот, Иран произведува 360 тони сув шафран годишно. Шафранот се добива од цветовите на крокусот кој цвета единствено во период од една недела секоја година.