Сезонско освежување: Сок од тиква и мандарини

Освен солени јадења и најслатки десерти, тиквата можете да ја претворите во течно совршенство ако ја споите со едно од најароматичните овошја - мандарините

0
825

Еве еден предлог за домашен сок кој е одлична здрава алтернатива за купечките сокови, а најдобро од се е што ќе им се допадне и на децата и на возрасните.
Комбинирајте го вкусот на тиквата со освежителната и ароматична мандарина, додадете шеќер по желба, а ако сакате сокот да биде навистина посебен, можете да му додадете и зачини како цимет или ванила.

Состојки:

1 кг тиква
1 кг мандарини
500г шеќер
Лимонска киселина
5 л вода

Приготвување:

1. Тиквата излупете ја, исечете ја на коцки и сварете ја со шеќерот во литар вода.
2. Кога ќе се олади, испасирајте ја.
3. Мандарините излупете ги и измешајте ги во блендер.
4. Се заедно помешајте, додадете ги преостанатите 4 литри вода, пробајте и доколку сакате додадете малку лимонска кислеина или сок од лимон.
5. Сокот чувајте го во фрижидер