Сезоната на тикви тукушто почнува и не чека еден долг и убав период кога ќе можеме да ги консумираме. Па да се потсетиме зошто е добро да го правиме тоа…
Освен што е вкусна, тиквата содржи и многу малку калории.
Толку е здрава што една чаша исечкана тиква ја обезбедува дневната препорачана доза од витамин А. Бета-каротенот и другите каротеноиди во тиквата се многу важни и за цврстината на кожата. Антиоксидантите во тиквата и семките имаат заштитен ефект за целото тело, а калиумот и каротинот помагаат и за здравјето на срцето и крвните садови.
Неколку студии покажале дека луѓето со висок холестерол кои јадат повеќе зеленчук богат со каротеноиди, поретко стануваат жртва на тешка срцева болест, вклучувајќи фатален инфаркт. Зошто е тоа така? Каротинот спречува хиперпродукција на холестерол. Ефектот се засилува, ако редовно се јадат и семки од тиква, кои содржат уникатни корисни масти и минерали.
Тиквата е богата со каротин, витамини од групата Б, калиум, омега-3 масни киселини и лутеин и зеаксантин – супстанции кои ги чуваат очите од дегенерација.
Преку контролата на метаболизмот, тиквата помага во спречување на дијабетесот и зголемената телесна тежина.
Помага и при гастроинтестинални заболувања.
Тиквата обезбедува одлични количини од Б1, Б3, Б6, пантотенска и фолна киселина.
Во народната медицина семките од тиква се користат како средство против зголемена простата и за олеснување на уринирањето. Семките од тиквите се користи како лековито средство од памтивек, секаде каде што растението се одгледува.
Мексиканската народна медицина има терапија со семки од тиква и пулпа од плодот која се препорачува за намалување на шеќерот во крвта и контрола на дијабетесот.