Сендвичи од пржен леб и банани

0
402

Состојки:

6 јајца

8 парчиња леб

200 мл млеко

5 лажица павлака

2 лажици шеќер

3 лажици сок од портокал

3 зрели банани

Цимет

Малку сол

Путер

Зејтин

Приготвување:

  1. Помешајте ги јајцата, млекото, павлаката, сокот од портокал, шеќерот, циметот и малку сол. Кришките леб топете ги во осмесата и дозволете малку да отстојат во неа, а потоа испржете ги на врело масло помешано со путер.
  2. Оставете ги испржените кришки врз хартиени салфети за да се впие маснотијата.
  3. Во истото масло ставајте ги бананите исечени на тркалца, додадете малку шеќер и дозволете да се карамелизираат.
  4. Направете сендвичи и уживајте.