Сендвич со спанаќ и топен кашкавал

Спанаќот е здрав а може да се јаде и сиров, но највкусен е кога од него ќе се направи песто. Потоа можете да си го направите сендвичот

0
400

Состојки:

За песто од спанаќ:

30 г спанаќ

1 лажица маслиново масло

2 лажици ореви

2 лажици пармезан

Прстофат сол и црн пипер

За сендвичот:

4 парчиња леб

Путер

6 парчиња чадена гауда

15 г спанаќ

Песто од спанаќ

Приготвување:

Во блендер ставете ги сите состојки за песто и мелете сѐ додека не добиете убав намаз.

Намачкајте ги парчињата леб од едната страна со путер, а од другата со 2 лажици песто од спанаќ.

На пестото ставете 2 парчиња гауда, додадете пола од одвоениот спанаќ, прекријте со парче гауда и потоа со уште една кришка леб такашто страната со путерот да биде однадвор.

На тавата која ќе ја загреете на средна температура, ставете ги сендвичите и печете ги околу 3 до 5 минути, односно, додека долната страна не се запече. Внимавајте да не ви загори, но секако почекајте додека кашкавалот не почне да се топи. Свртете ги сендвичите и печете уште 1 до 2 минути, тргнете од огнот, расечете ги сендвичите и послужете.