Состојки:
3 белки
200 мл слатка павлака
6 жолчки
5 лажици мед
3 лажици сок од лимон
1 лажичка рендана кора од лимон
1 лажичка желатин
1 лажица вода
Приготвување:
- Ставете хартија за печење во калапот за леб
- Во сад измешајте ги желатинот и водата.
- Во друг сад измешајте ги белките додека не добиете цврст шлаг.
- Во посебен сад изматете ја павлаката и ставете ја во фрижидер.
- На крајот, на пареа мешајте ги жолчките и медот додека не добиете посветол и погуст крем, околу 5 минути. Тргнете од пареата и додадете ги желатинот, сокот и кората од лимон.
- Со рачна маталка измешајте ги најпрвин белките и павлаката, а потоа се уфрлете во смесата од жолчки и полека измешајте и соединете.
- Префрлете ја смесата во калап за леб и ставете го во замрзнувач.