Додека не пробате сарма во која освен мелено, има и суво месо, не знаете колку може да биде вкусна. Па така, ако мислевте дека сармата веќе не може да е подобра од тоа колку е веќе добра, пробајте го овој рецепт.
Јас мислев дека е сармата вкусна таква каква што е, но откако ја пробав оваа со суво месо, сфатив што е САРМА.
Состојки:
700 г свинско мелено месо (од плешката)
1 главица кисела зелка
100 г суво месо (сланина)
100 г ориз
Полаглавица кромид
2 чешниња лук
1 лажичка црвен пипер
1 ловоров лист
Сол и црн пипер по желба
Приготвување:
1. Подгответе ги листовите, исечете го коренот на листот, за да може да се виткаат.
2. Исечкајте ги кромидот и лукот ситно, а сланината на коцкички.
3. Издинстајте го кромидот и додадете ги меленото месо, сол, црн пипер, сланината и оризот, измешајте и по потреба додадете малку вода.
4. Пропржете ја смесата и потоа ставајте од месото во секој лист и виткајте сарми.
5. Остатокот од зелката исечкајте ја. На дното од тенџерето ставете ја кожата од сланината, а одозгора наредете ги сармите и покријте ги со исечканата зелка. Додадете малку вода и варете околу 1,5 час на тивок оган.