Состојки:
1 главица кисела зелка
700 г мелено месо
1 црвен кромид
100 г ориз
1 лажица црн пипер
3 лажици мешавина од суви зачини
3 лажички црвен пипер
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
1 лажичка лук во прав
žličica češnjaka u prahu
150 мл зејтин
Приготвување:
- За да не биде премногу кисело, измијте ги листовите од киселата зелка со вода. На зејтин динстајте го ситно сечканиот кромид а потоа додадете го и месото.
- Во меѓувреме варете го оризот околу 10-15 минути.
- На месото постепено додавајте му зачини и динстајте, а на крајот додадете го оризот и се динстајте околу половина час.
- Ставајте од смесата на секој лист и виткајте ги сармите па наредете ги во сад за печење, а преостанатата зелка исечкајте ја и додадете ја во садот.
- Ставете малку вода, покријте го садот со фолија и печете околу половина час на 175°C.
- Тргнете ја фолијата и зголемете ја температурата на 200°C и печете уште околу половина час.