Состојки:
250 г листови мешана салата
1 краставица
свеж копар
100 г цветови од јадливо цвеќе како невен, роза, жалфија, глуварче, љубичица, ден и ноќ
2 лажици вински оцет
1/2 лажичка сенф
5 лажици маслиново масло
Сол, црн пипер
Приготвување:
- Добро измијте ги салатата и цвеќињата.
- Во чинија за салата измешајте ги оцетот, сенфот, маслото, солта и црниот пипер.
- Ставете ја смесата во салатата, измешајте, па додадете ги внимателно и цвеќињата.