Салата со брокула

0
836

Состојки:

6 шолји свежи цветчиња од брокула

1/3 шолја црвен кромид, сечкан

1 шолја целер, сечкан

2 шолји црно зимско грозје без семки, преполовени

1 шолја мајонез

1/3 шолја шеќер

1 лажица јаболков оцет

8 листови сланина

1/2 шолја исечкани бадеми

Приготвување:

  1. Пропржете ја сланината на средна темпоература додека не стане крцкава.
  2. Измешајте ги брокулите, кромидот, гројето и целерот во голем сад.
  3. Во одделен сад измешајте ги мајонезот, шеќерот и оцетот.
  4. Исцедете ја од масло сланината такашто ќе ја ставите на салфета. Разделете ја сланината на парченца и додадете ја во мешавината од брокули. Додадете ја смесата од мајонез и внимателно измешајте. Додадете ги и исечканите бадеми и повторно измешајте, покријте го садот и оставете го во фрижидер барем два часа пред да ја послужите салатата.