Салата од јачмен со потпечени моркови и наут

0
712

Јачменот во комбинација со наут и рукола е салата која е перфектна дури и како цел оброк доколку не сте премногу гладни.

16.08.22_VT_Barley_Salad_0010

Состојки:

1/2 чаша јачмен

4 лажици маслиново масло или повеќе, по вкус

5 големи моркови

1 лажиче ким, плус за попрскување

1/4 чаша фстаци

1 чаша варен наут

4 млади кромидчиња

1/4 чаша сечкано свежо нане

2 лажички сок од лимон или повеќе, по вкус

4 чаши рукола

Приготвување:

  1. Во 4 чаши зовриена вода варете го јачменот околу 20 минути. Исплакнете го со студена вода и оставете го настрана.

2. Загрејте 2 лажици маслиново масло во голема тава на средна температура. Додадете ги исечканите моркови и кимот, и промешајте. Гответе 10 минути, мешајќи повремено, или додека морковите не омекнат. Додадете ги ф’стаците и гответе 2 до 3 минути.

3. Префрлете ги состојките во голем сад и додадете ги јачменот, наутот, исечканите зелени кромидчиња, нане, лимонов сок и останатите 2 лажици маслиново масло. Зачинете со сол и бибер.

4. Оставете ја салатата во фрижидер барем 2 часа пред да ја послужите.