Состојки:
1/4 шолја свеж сок од лимон
1/4 шолја Дижонски сенф
5 лажички мед
2/3 шолја маслиново масло
1 целер, од тврдите делови на стапчињата и ливчиња
2 јаболки
3/4 шолја сечкани и потпечени оревчиња
Сол и бибер
Приготвување:
- Помешајте ги првите три состојки, а потоа постепено додавајте од маслото и зачинете по вкус со сол и со бибер.
- Исечкајте ги ливчињата од целерот за да се наполни 1 шолја, а тврдите делови од гранчињата исечете ги на тенки парченца. Би било добро приготвениот прелив и целерот да се стават во покриен сад и во фрижидер еден ден претходно.
- Во сад за салата префрлете го целерот, додадете ги тенко исечените кришки јаболка, зачинете, прелијте со сосот и додадете од оревчињата.