Состојки:
1 кг млади компирчиња
300 г грашок
1 китка ротквички
70 г млад спанаќ
3 млади кромитчиња
За преливот:
4 лажици маслиново масло
3 лажици сок од лимон
1 лажичка сенф
Сол, црн пипер
Приготвување:
1. Вклучете ја рерната доколку сакате да ги испечете компирчињата и ставете хартија за печење во тепсијата. Компирчињата убаво измијте ги, поголемите пресечете ги на половини или на четвртини, а помалите оставете ги цели. Распоредете ги на тепсијата, попрскајте ги со маслиново масло и печете ги околу 30-40 минути додека не добијат убава боја. Оставете ги да се оладат.
2. Грашокот кусо сварете го па оставете го да се олади. Ротквиците исечете ги на половини или на четвртини ако се поголеми, а кромитчињата исечкајте ги на тркалца.
3. Помешајте ги сите состојки за преливот, па додадете сол и црн пипер по вкус.
4. Во голема чинија ставете ги изладените компирчиња, додадете ги грашокот, ротквиците, спанаќот и кромидот и полека измешајте. Прелијте со подготвениот прелив и повторно измешајте.