Салата со компири и брокула

Кога сакате брзо јадење, а не сакате тоа да биде само свежа салата после која за еден час ќе бидете повторно гладни, сетете се на старата добра компир салата. Некогаш таа може да биде и главен оброк, особено ако ја искомбинирате и со моркови и брокула.

0
722

Состојки:

2 компири

2 моркови

1 црвен кромид

Неколку цветчиња брокула

Сува брусница

Маслиново масло

Јаболков оцет со мед

Сол, бибер, чубрица

1-2 ловорови лисја

Приготвување:

  1. Сварете ги компирите и морковите со 1-2 ловорови листови, а на крајот, сосема накусо сварете ги и брокулите. Исцедете ги и ставете ги во сад за салата.
  2. Исечкајте го кромидот, додадете го во салатата и зачинете и на крајот додадете по желба сува брусница.