Состојки:
2 варени компири
2 конзерви туна
100 г грашок
1-2 раце свеж спанаќ
2 тврдо варени јајца
Прелив:
100 г павлака или кисело млеко
Сок од пола лимон
1 лажица мајонез од маслиново масло
1 млад кромид
Сол и црн пипер
Приготвување:
- Прво сварете ги компирите, јајцата и грашокот, а туната исцедете ја од вишокот масло.
- Преливот подгответе го такашто ќе ги измешате сите состојки. (Ви препорачуваме мајонезот да го направите сами).
- Компирот исечете го на коцки и помешајте го со грашокот и 2/3 од преливот. Пробајте, зачинете и додадете ја туната, јајцата исечени на кришки и спанаќ по желба.
- Полека измешајте за да не се здробат состојките и прелијте со остатокот од преливот.
- Додадете го ситно исечканото младо кромитче и послужете. Оваа салата е подеднакво вкусна и топла и ладна.