Едноставна подготовка, само неколку состојки и овие вкусни ролнички ќе бидат готови.
Ако користите рикота, можете да додадете и јаткасти плодови по желба. Одлично одат со фстаци и индиски оревчиња, додека свежото сирење (урда) може прекрасно да се надополни со ситно сечкан босилек или, евентуално, со чадена црвена пиперка
Состојки:
3 средни тиквици
2 лажици маслиново масло
200 г урда
Свежа мента
Свеж босилек
Сол и црн пипер
Приготвување:
Измијте ги тиквичките и исечете ги на тенки парчиња по должина.
Распоредете ги врз хартија за печење и посолете.
Оставете ги да отстојат околу 10 минути, а потоа исушете ги со хартиени салфети
Загрејте ја тавата и кратко, по пола минута потпечете ги тиквиците од двете страни.
За тоа време измешајте ги во еден сад урдата со ситно сечканите свежа мента и босилек и зачинете по ваш вкус па добро измешајте.
Премачкајте ги тиквичките со смесата и завиткајте ги во ролати. Оставете ги да се изладат и послужете.