Дали знаевте дека рогачот спаѓа во семејството на мешунките, а е сепак сосема поинаков од нив? За разлика од повеќето мешункасти растенија кај кои се консумираат семките, кај рогачот се консумира мешунката. Оваа мешунка е и на листата на посакувани намирници кај оние кои се хранат со сирова храна, а кои главно ги избегнуваат мешунките затоа што тешко се варат.
Рогачот е присутен на Медитеранот повеќе од 5.000 години и се уште игра важна улога во исхраната на блискоисточните народи.
Бидејќи е исклучително богат со нутриенти, се вбројува помеѓу многу вредните намирници за преживување затоа што не бара посебни услови за складирање и може да се јаде во изворниот облик, без претходна обработка. Богат е со калциум, а не содржи оксална киселина (како какаото од кое се добива чоколадо), која ја попречува оптималната апсорпција на калциум.
Но со оглед на тоа што е рогачот богат со природно сладило, содржи само 60 отсто калории во однос на истата количина чоколадо.
Следниот пат кога планирате да подготвите некој десерт, пробајте шеќерот да го замените со рогач. Тој се употребува како засладувач и како замена на какаото.
Освен тоа, богат е со витамин А, Б1, Б2, Б3, Б6, Б9, Ц и Е. Поради богатиот состав на витамини помага за правилен метаболизам, раст и развој на ткивата, а исто така му помага на телото подобро да ја користи енергијата од намирниците кои ги внесуваме.
Од минерали содржи железо, бакар, манган, селен, цинк, фосфор, магнезиум, калциум, натриум и калиум. Помага во одржување на добар електролитен баланс во телото, го подобрува варењето и помага за намалување на стресот и депресијата. Семето од рогач е богато со нерастворливи билни влакна кои позитивно влијаат на варењето на храната и подобро функционирање на цревата. Содржи триптофан – есенцијална амино киселина и затоа се препорачува да се користи во период на раст и развој кај децата, а исто така и кај вегетаријанската исхрана.
Содржи висока концентрација на танини кои се моќни антиоксиданси, а со тоа помага во спречување на прерано стареење. Делува и противоспалително и антибактериски, ги регенерира клетките и влијае на намалување на триглицеридите и LDL холестеролот, а зголемување на HDL холестеролот.
Фино мелениот рогач (прав) е иделна замена за какао прав и за разлика од какаото има благ и чоколаден вкус.
Споредено со чоколадото рогачот е три пати побогат со калциум. Може да се користи како засладувач во облик на прав или како замена за брашно. Рогачот е идеална намирница која не содржи глутен и затоа се препорачува и кај луѓе кои се алергични на глутен.