Рецепт за крем сладолед

Ова е уште една верзија на домашен сладолед во кој освен основните состојки (јајца и млеко), ќе додадете и слатка павлака. Останатите додатоци се ваш избор

0
1237

Состојки:

4 жолчки

4 лажици шеќер во прав (ако сакате поблаго зголемете ја количината шеќер)
½ л слатка павлака или две пакувања од по 250 мл

50-100 г чоколадо

Неколку капки екстракт од ванила

Приготвување:

  1. Пенливо изматете ги жолчките и шеќерот, па додадете ја павлаката и варете ја смесата на пареа, постојано мешајќи, додека не се згусне како крем. Во оваа смеса можете да додадете по желба и стопено чоколадо.
  2. Тргнете од ринглата и мешајте ја смесата додека не се олади. Ваквата смеса ставете ја во замрзнувач и оставете ја добро да се стегне. Ќе добиете убав замрзнат крем, без грутчиња мраз. Не мора да ја вадите и да го повторувате мешањето со миксер.