Регулирајте го холестеролот со тиква

0
1287

Освен што го носат епитетот „кралици на есента“, затоа што го креваат нивото на серотонин – хормонот на среќа, и лекува депресија, тиквите исто така го регулираат холестеролот и поседуваат силно противвоспалително дејство. Благодарение на овие ллековити својства, семките и маслото од тиква можат да ни го зачуваат здравјето во ладните, есенски денови.

Тие се вистинска ризница од витамини, протеини, калиум, фолна киселина и антиоксиданси, а семките со протеини, железо, цинк, магнезиум и витамин К.

Заради сето ова, тиквата може да ги спречи болестите на мокрачните патишта, да го поттикне исфрллањето на вишокот вода од организмот, одличен диуретик е и им се препорачува на болните од реума, гихт, воспаление на бубрезите и бешиката.

„Дијабетичарите би требало да јадат тиква што почесто, затоа што таа го снижува нивото на шеер во крвта. Научниците откриле дека екстрактот од тиква може да биде од голема помош, затоа што го стимулира производството на инсулин и ги регенерира оштетените клетки од панкреасот – рекол Џорџ Болт, нутриционист од клиниката во Копенхаген.

Бидејќи влакнестата храна придонесува за регулирање на варењето, омекнување на столицата и го забрзува метаболизмот, таа е главен предуслов и за здраво гуење на килограмите.

Уште една причина за да ја збогатите трпезата со оваа намирница е ладно цеденото масо од семки од тиква, кое изобилува со омега-3 и омега-6 масни киселини, кои делуваат на здравјето на репродуктивните органи. Освен тоа, семките од тиква содржат фитостерини, односно, растителни хормони кои се благотворни во случај на бенигни зголемувања на простатата.

Корејските научници откриле дека протеините од кората на тиква го спречуваат растот на патогени микроорганизми вклучувајќи ја и кандидата, која предизвикува сериозни здравствени тегоби.