Според стручњаците, за намалување на крвниот притисок примарно е да се намали внесувањето на масти, сол и алкохол, а да се зголеми внесувањето на овошје и зеленчук, како и целовити житарки. Намирници кои можат да ви помогнат се следниве:
Боровници: Преполни се со флавоноиди, го снижуваат нивото на лошиот холестерол и го регулираат крвниот притисок. Тие се достапни речиси секогаш, а можете да ги додадете во својот појадок или да ги јадете наместо вечера.
Компир: Калиум и магнезиум, се два минерали кои помагаат за снижување на крвниот притисок а се наоѓаат во оваа намирница. Содржат и влакна кои се задолжителна состојка на секоја здрава диета.
Цвекло: Научниците од универзитетот Queen Mary во Лондон дошле до сознание дека пациентите со висок крвен притисок кои пиеле сок од цвекло покажуваат неверојатен напредок во снижувањето на крвниот притисок. Една друга студија заклучува дека за тоа се веројатно заслужни нитратите во сокот кои го снижуваат притисокот во рок од 24 часа.
Банани: Бидејќи бананите содржат малку натриум, тие се идеален избор за лицата кои имаат тегоби со вскуларниот систем. Ова овошје е едно од најдобрите природни извори на калиум, кои помагаат за одржување на здраво ниво на притисокот и ја поттикнува нормалната работа на срцето. Научниците утврдиле дека секојдневното консумирање на банани може да го намали ризикот од срцев удар за дури 40 отсто.
Маслиново масло: Маслиновото масло благотворно делува на липидите во крвта и исто така го намалува крвниот притисок. Една од студиите покажуваат дека крвниот притисок се намалува колку што користите повеќе маслиново масло.
Чај од хибискус: Научниците со бројни истражувања потврдиле дека е добар за здравјето на срцето и за снижување на крвниот притисок, и тоа само четири недели пиење на овој чај. И ако немате проблем со здравјето, овој напиток ќе ве освежи, без оглед дали го пиете ладен или топол.
Брокула: Преполна е со витамин К кој спречува калцификација на артериите, а заради антиоксидантите кои ги содржи ја превенира оксидацијата на LDL холестеролот кој може да доведе до потешки срцеви заболувања. Влакната од брокулата ќе го регулираат крвниот притисок.
Риба: Од сите намирници со животинско потекло, рибата е најздрава – изобилува со протеини, а не е мрсна. Омега-3 масните киселини во рибата, заедно со другите нутриенти, ги штитат крвните жили, ги намалуваат воспалителните процеси и го снижуваат високиот крвен притисок.
Темно чоколадо: Содржи флавоноиди кои ги прават крвните жили поеластични, а дека неговото консумирање го снижува крвниот притисок е докажано со голем број на студии. Дозволете си околу 15 грама темно чоколадо дневно, со најмалку 70 отсто какао.
Фото: Pixabey