Рецепти за најздрав и најбрз појадок

Зелениот сок од зелен лиснат зеленчук и овошје, попознат како зелено смути е лесен и здрав појадок кој можете да го направите за само 5 минути. Викторија Боутенко, автор на книгата „Зелено за здравје“ смета дека зелениот лиснат зеленчук е совршена храна за луѓето.

0
1080

За многу од нас утрото значи рано станување, брзање, подготвување на децата за на училиште или градинка… Покрај сето тоа, потребно е да се направи и нешто за појадок – по можност, лесно, вкусно и здраво.

Зелениот сок од зеленчук и овошје, попознат како зелено смути е лесен и здрав појадок кој можете да го направите за само 5 минути.

Викторија Боутенко, автор на книгата „Зелено за здравје“ смета дека зелениот лиснат зеленчук е совршена храна за луѓето.

Зелениот зеленчук е полн со витамини, минерали, влакна, хлорофил и аминокиселини, кои се основни составни делови на протеините. Тоа е се што ни е потребно за здравјето.

Но не е лесно да се јаде сиров зеленчук, а за да се дојде до неговите вредни состојки, потребно е добро да се изџвака. Освен тоа, заради специфичниот вкус, тешко е да се изеде многу зеленчук во сиров облик.

Заради тоа, Викторија направила експеримент, кој станал вистинско откритие во светот на љубителите на здрава храна. Одлучила да го „прикрие“ мирисот на зелениот зеленчук со овошје и да измеша се во блендер за да се добие вкусно и лесно фрапе. Благодарение на нејзиното откритие сега сите можеме да уживаме во вкусен оброк кој има неверојатно влијание врз здравјето.

Дали е здраво да се мешаат овошје и зеленчук?

Сте слушнале дека не е здраво да се комбинираат овошје и зеленчук. Но зошто?

Тоа е затоа што е овошјето лесно сварливо, додека повеќето видови зеленчук во себе содржат скроб кој подолго се вари.

Заради комбинирањето на такви некомпатибилни намирници храната останува подолго во желудникот, што може да предизвика ферментација, надуеност, гасови и понекогаш запек.

Но од ова правило постои еден исклучок, а тоа е зелениот лиснат зеленчук. Тој не содржи скроб и може без проблем да се комбинира не само со овошје, туку и со било кој друг вид на храна.

Викторија Боутенко пишува дека зелениот лиснат зеленчук треба да се стави во посебна категорија. Стручно гледано, тоа дури и не е зеленчук.

„Заради тоа што го сметаат за зеленчук, многу луѓе погрешно ги применуваат на зелениот лиснат зеленчук истите правила кои се однесуваат на скробниот зеленчук. Зелениот лиснат зеленчук е единствената храна која лесно се вари со било кој друг вид на храна. Зелениот лиснат зеленчук поттикнува создавање на ензими за варење на храната и го алкализира организмот, што е многу важно.“

Затоа, без грижа уживајте во вашата чаша зелено фрапе од овошје и зеленчук.

Рецепти

Колку и да ви изгледаат чудни овие комбинации, обидете се да ги совладате сомнежите и да пробате барем една од овие комбинации. Кога еднаш ќе пробате, че станете „зависни“ од овој вкусен и хранлив оброк.

Прва варијанта:

1 банана

300 мл вода

100 г шумско овошје (свежо или замрзнато)

2-3 листа спанаќ

1 лажица кафеав шеќер или јаворов сируп (доколку сакате)

Ставете ги сите состојки во блендер и мелете 1-2 минути. Сокот испијте го веднаш, со мали голтки. Оваа количина е доволна за 1 оброк за еден човек. Има одличен вкус, па ќе им се допадне и на децата (доколку не видат што ставете внатре. Шумското овошје можете да го замените со било кое друго овошје (освен лубеница и диња), а спанаќот со кељ, салата или некој друг лиснат зеленчук.

Не застанувајте на еден рецепт, туку испробајте и други за да го вкусите богатството вкусови на свежо овошје и зеленчук.

Салата

За овие рецепти можете да користите било кој вид на салати. Подготовката е иста: ставете во блендер и мелете додека не добиете компактна смеса.

Фрапе од боровници и салата

1 мала главица салата, исечена на коцки

1 зрела банана

1 чаша боровници, свежи или замрзнати

½ чаша манго

1 ипол чаша вода

Фрапе од цреши и салата

1 мала главица салата, исечена на поголеми коцки

1/2 чаша боровници

½ чаша манго

1/2 чаша цреши без семки

1 ипол чаша вода

Фрапе од салата и јагоди

1 чаша јагоди

2 банани

½ главица салата

1 ипол чаша вода

Спанаќ

Спанаќот има најблаг вкус од другите видови зелен лиснат зеленчук. Затоа, ако првпат правите зелени фрапеа, особено ако имате намера да им давате и на децата, започнете со спанаќ!

Почнете со 1-2 раце спанаќ, а кога ќе се навикнете, зголемете ја количината на 4-6.

Чоколадно фрапе со спанаќ

1 голема банана

150 – 200 г свеж спанаќ

2 урми без семки

1 чаша боровинки

1 лажица какао во прав

5 коцки мраз

1 ипол чаша вода

Тропско фрапе со спанаќ

1 голема банана

¼ авокадо

150 г спанаќ

3/4 шолја ананас

3/4 шолја манго

1 лажица кокосово млеко (по желба)

1 лажица агава сируп

1 ипол чаша вода

Спанаќ со боровинки и јагоди

1 голема банана

1 чаша боровинки

1/2 чаша јагоди

150 г спанаќ

1 ипол чаша вода

Зелка

Сигурно си мислите дека фрапето од зелка има грозен вкус, но не сте во право! Кога подготвувате напиток од зелка, најпрвион смелете ги во блендер зелката и водата. Потоа додадете ги останатите состојки и мешајте уште 1-2 минути.

Пинк фрапе со зелка

3-4 чаши зелена зелка, исечена на коцки

1 ипол банана

1 чаша јагоди (свежи или замрзнати)

1/2 чаша малини (свежи или замрзнати)

1-2 лажици јаворов или агава сируп

2 коцки мраз

1 ипол чаша вода

Чоколадно смути со зелка

1-2 чаши зелка

1/2 чаша бадеми

7 урми без семки

1 лажица јаворов сируп

1 ипол чажица какао

1 чаша вода

7 коцки мраз

1 банана

Фрапе од зелка со капини

3-4 чаши зелена зелка

2 банани

1 чаша капини

1 чаша боровинки

1 лажица јаворов или агава сируп

4 коцки мраз

2 чаши вода