Рецепт за најдобрите шненокли

Ова е еден од оние слатки деликатеси кои не враќаат во детството бидејќи ги правеа нашите баби, мајки, тетки, вујни и секогаш им се радувавме

0
991

Има различни рецепти за шненокли, некои ги комбинираат и со скршени кекси, но вистинскиот, оригинален рецепт за шненокли е без нив.

Состојки:

1 л млеко
4 јајца
5 лажици шеќер
1-2 кесички ванилин шеќер
2 лажици брашно

Приготвување:

Раздвојте ги белките од жолчките. Жолчките оставете ги настрана, а белките изматете ги во цврст снег.
Сварете го млекото во поголем сад. Во зовриено млеко со лажица спуштајте поголеми парчиња од снегот од белки.
После пола минута свртете ги од другата страна и варете уште 30 секунди па вадете ги со помош на дупчеста лажица и ставајте ги во садот во кој ќе ги послужите. Кога ќе ги сварите, извадете ги од млекото во кое сте ги вареле сите остатоци од белките, а може и да го процедите млекото.
Измешајте ги жолчките, шеќерот и ванилиниот шеќер, додадете брашно и дел од млекото. Сварете сѐ заедно во остатокот од млекото па постојано мешајќи со жица варете две минути. Кремот е готов кога ќе почне да се згуснува и кога ќе биде рамномерно жолта. Со врелиот крем прелијте ги сварените белки, изладете и послужете ги. По желба можете да ги наросете ги со рендано чоколадо.