Пржен лосос со сос од манго

0
1319

Состојки:
(за 6 порции)
6 x 220 г филети од норвешки лосос со кожа
сол и црн пипер, плус малку лут буковец за секое филе
1 лажичка маслиново масло за пржење

За сос од манго:
2 цврсти и зрели манга, сечкани
1 црвен кромид, ситно сечкан
2 црвени чили, без семки, ситно сечкани
2 лажици коријандер, сечкан
кора од 1 лимета (или лимон) и сок од 2 лимети
1 рамна лажичка шеќер
сол
1 лажица маслиново масло

Приготвување:
1. Измешајте ги сите состојки за сосот во еден сад, па оставете го на страна.
2. Зачинете ги филетите, загрејте тава со дебело дно, додадете го маслиновото масло и пржете ги филетите од лосос од страната без кожа 2 минути.
3. Превртете и пржете ја страната со кожа 3 минути или додека кожата стане крцкава.
4. Извадете ги од тавата и ставете ги на голема чинија за послужување. Прелијте со сос од манго и украсете со зелена салата по ваш избор.

Извор: Реза Махамад