Прв натпревар во готвење на Жито Лукс, со новите XL лебови

Неодамна компанијата „Жито Лукс“ ги претстави на пазарот новите XL лебови на парчиња. По претставувањето на овој новитет, го организираше и првиот XL натпревар во готвење.

0
115

На натпреварот во организација на „Жито Лукс“ готвачите Софка, Фичо, Теа и Цуклев ги претставија големиот број можности кои ги нудат XL белиот и ‘ржан леб за подготовка на сендвичи кои одговараат на сечиј вкус.

Сендвичите приготвени од вештите раце на натпреварувачите беа оценувани во четири категории: брзина, вкус, висина и стабилност. Победник во категоријата брзина е Цуклев со својот сендвич направен со XL леб со ‘ржано брашно, свежа краставица, јајце, авокадо, лимон, печен сусам, магдонос, копар, сол и црн пипер.

За подготовка на овој сендвич нему му беа потребни само 38 секунди. Победникот во категоријата вкус е деликатесниот сендвич на Софка за кој беа потребни XL лебот со ‘ржано брашно, боровница крем сирење, дробени ореви, мисиркини гради, шери, бејби рукола и микро салата.

Победниците во останатите две категории може да ги погледнете на Јутјуб каналот на „Жито Лукс“, како и на Фејсбук фан страницата на компанијата. Добропознатиот вкус, состав и секако, квалитет, може да ги најдете во новото XL пакување од 500 грама.