Состојки:
4-5 јаболки
Сок од лимон
5 или 6 јајца (во зависност од големината на тепсијата во која ќе го печете)
Ореви по желба
120 г шеќер
150 г брашно
1 прашок за пециво
1 ванилин шеќер
100 г путер
1 шлаг
Приготвување:
1. Јаболките се чистат и се сечат на тенки парчиња кои се редат во тепсија подмачкана со путер. Се попрскуваат со сок од лимон за да не потемнат и се печат во рерна додека не омекнат.
2. За тоа време се мелат ореви по желба, а може да се остави и дел од оревите наместо да се сомелат, да се исечкаат.
3. Се матат состојките за пандишпан. Врз печените јаболки се ставаат оревчињата, а одозгора се истура смесата и се враќа во рерна. Се пече 10-15 минути.
4. Кога е готова, тортата се превртува во чинија, се премачкува со шлаг и се украсува со овошје по желба. Оваа торта е со боровинки.