Една од работите кои можете да ги направите ако сакате да ги воодушевите вашите гости кои поради тоа веројатно ќе ве прогласат за вистински крал на забавата е, освен што ќе приготвите барем дел од храната сами, да ги пречекате со еден сосема нов коктел кој ќе ги опфати вообичаените божиќни зачини, лесно се прави и уште полесно се пие.
Иако во зима сме навикнати да пиеме варено вино, оваа година во тренд е варениот џин.
Ви предлагаме едноставна верзија која ќе ги содржи овие состојки: омилениот џин, сок од јаболки, коцки портокал и малку вода. Додадете во него и зимски зачини како цимет, каранфилчиња и мед, за да го заблажите малку.
Ако не ви се пие топол пијалок, додадете мраз и тоник наместо вода.
Количината на наведените состојки прилагодете го кон сопствениот вкус.
Фото: Pixabey