Убавината на оваа полнета солена торта е во тоа што може да се направи со денови однапред и да се замрзне до употребата или да ја приготвите 2 дена пред да ја печете денот кога ќе ја послужите.
Состојки:
1 лажица маслиново масло
30 г путер
1 црвен кромид, ситно се;кан
2 стапчиња целер, ситно се;кан
2 чешниња лук, згмечени
прстофат мелено каранфилче
¼ лажичка мелен цимет
50 г печени сечкани лешници
50 г брусници, сечкани
60 г кајсии, сечкани
2 лажички свежи листови мајчина душица
1 лажица конзервиран ѓумбир, сечкан
кора од 1 портокал
120 г трошки од свеж леб
500 г квалитетни колбаси од свинско месо
3 лажици магдонос, сечкан
14 ленти прошарана сланина
Приготвување:
1. Загрејте ја рерната на 190° C.
2. Загрејте маслиново масло и путер во тава со дебело дно и на тивко пржете ги кромидот и целерот со често мешање околу 4 минути.
3. Додадете го лукот, промешајте, околу 30 секунди.
4. Додајте го каранфилчето, циметот, лешниците, брусниците, кајсиите, мајчината душица и ѓумбирот и пржете 1 минута со постојано мешање. Тргнете ја тавата од огнот.
5. Префрлете ја овошната смеса во голем сад и додадете ги кората од портокал и трошките леб.
6. Отстранете ја обвивката на колбасот и додадете ги месото и магдоносот во овошниот микс. Зачинете со сол и црн пипер и измешајте добро.
7. Испрскајте со спреј за готвење (или намачкајте со малку масло) калап за торта со дијаметар од 18 до 20 см.
8. Наредете 7 ленти од сланина на дното и долж страните на калапот и потоа ставете ги останатите 7 парчиња во другата насока.
9. Претурете го филот во калапот и добро притиснете и израмнете го. Преклопете ја сланината преку филот и добро притиснете.
10. Солената торта се пече во центарот на рерната од 35 до 40 минути. Извадете ја од рерната и оставете да постои пред сервирање. Може да се служи топла или на собна температура. Служете ја на чинија со сталак украсена со сецкан конзервиран ѓумбир и глазирани вишни помешани заедно, со неколку ловорови листови.
Извор: Џени Морис