Без оглед дали го правиме чорбест или тавче гравче, гравот е омилено јадење за многумина. Но колку и да изгледа просто како грав, приготвувањето на оваа мешунка не е секогаш лесно.
Предолго или пракратко време на варење
Варењето грав е вистинска мала гастро „наука“ затоа што никој не може да ви каже точно колку трае тоа. Сѐ зависи од видот на грав и од тоа дали станува збор за млад или сув грав. Сувиот грав може да се вари многу долго, понекогаш и по два часа, во зависност од тоа колку е стар и дали доволно долго сте го чувале во вода. Варете го додека да омекне. Младиот грав пак се вари кратко, околу 30 минути, а истото важи и за младиот грав кој претходно сте го замрзнале. Во текот на готвењето на двата видови грав, редовно проверувајте затоа што единствено така ќе бидете сигурни дека нема да се превари или пак да остане сиров.
Недоволно потопување на сувиот грав
Старото правило вели дека тој мора да се остави во вода минимум 8 часа, па затоа е најдобро да се остави да се натопува преку ноќ. Некогаш луѓето го држеле во вода и до 24 часа. На една сув грав се додаваат 10 мали шолји ладна вода. Ако немате време за долго натопување, на една рака сув грав додадете 10 шолјички врела вода која треба да ја зовриете и да оставите да врие 3 минути. Потоа тргнете го гравот од оган, покртијте го со капак и оставете го да стои така минимум 1 час.
Недоволно зеленчук
Токму тој му дава на гравот слаткост и богатство на вкусови. Затоа не штедете на кромид, лук, моркови, магдонос и целер.
Премногу суво месо
Тајната на добриот грав е во балансот помеѓу зеленчукот и месото. Премногу сувомеснати производи ќе му дадат на вашиот грав вкус на чад и ќе ја „убијат“ слаткоста што му ја дава зеленчукот.
Претерување со зачините
Тоа се однесува пред сѐ, на солта, особено ако во варивото ставите многу суво месо. При солењето водете сметка за тоа што сланините, ребрата и колбасите се солени сами по себе. Црн пипер, црвен пипер и феферонки дозирајте по сопствениот вкус. Некои сакаат полут грав, а некои сакаат поблага верзија.
Фото: Pixabey