Прашок за пециво или сода бикарбона?

0
557

Можеме ли содата да ја користиме како замена за прашок за пециво? Главно не, затоа што содата бара некоја друга намирница која е кисела, додека прашокот за пециво веќе ја содржи во себе таа киселина.

Содата ќе реагира со намирници како матеница, мед, какао во прав или меласа, додека прашокот за пециво ќе реагира уште при допир со обична вода (ова е и добар начин да проверите дали е пецивото во добра состојба – помешајте лажичка вода со две-три зрнца прашок за пециво и ако се запени, значи дека е добро).

Реакцијата на сода бикарбоната и некоја друга кисела намирница, всушност предизвикува производство на јаглероден диоксид – се создаваат мали меурчиња, а токму тоа е својството на содата кое му помага на тестото, односно, на смесата за колачи да се крене и да „нарасне“.

Од друга страна, прашокот за пециво е комбинација на сода бикарбона, киселина и состојка која служи за впивање на влагата – како пченкарниот скроб. Со оглед на тоа што прашокот за пециво веќе содржи киселина, не е нужно во смесата во која го користиме да додаваме кисели намирници.

Најчест прашок за пециво на пазарот е оној кој реагира во две фази – прво кога ќе се навлажни со вода или некоја друга течна состојка) и вторпат реагира под влијание на висока температура. Тоа е оној момент кога ја ставаме течната смеса за тестото во тепсија за печење, а во текот на печењето нараснува речиси двојно го добива оној специфичен сунѓераст облик.

Затоа, прашок за пециво можете да користите за приготвување на речиси сите слатки кои бараат таков додаток, додека сода бикарбоната, ако сакате да предизвика некоја реакција и проимена, бара и додавање на нешто кисело.