Повторно е за сѐ виновна сланината

Нови сознанија за штетноста на месните преработки врз здравјето. Сланината го зголемува ризикот од рак на дебелото црево, а нитратите се поштетни за здравјето од мастите и шеќерите.

0
305

Во две различни научни студии неодамна е објавено дека сланината го зголемува ризикот од рак на дебелото црево и дека се нитратите поштетни за здравјето од мастите и од шеќерите, но сепак заклучокот на оваа друга студија е дека е попогубно тоа што се јадат малку здрави намирници, отколку тоа колку лоши нутриенти се внесуваат.
Дека само едно парче сланина дневно може да го зголеми ризикот од рак на дебелото црево, се тврди во истражувањето на Универзитетот Оксфорд. Врз основа на набљудуваните податоци, научниците заклучиле дека три листа црвено месо во текот на денот можат да го зголемат ризикот од рак дури за 20 отсто. Постојат слични тврдења на Светската здравствена организација.

Според нутриционистите, црвено месо не треба да се јаде секој ден. Тоа се препорачува отприлика три пати неделно. Најдобро е да се јаде телешко и говедско и тие да се приготват на соодветен начин, наместо да се јадат готови месни производи.

Дури 80 отсто од натриумот кој се внесува преку исхраната, доаѓа токму од пакуваната и процесуирана храна. Новата научна студија за влијанието на исхраната врз здравјето на Институтот за метрика и евалуација на здравјето на Универзитетот во Вашингтон, покажала дека исхраната со многу натриум е одговорна за 33 од 100.000 смртни случаи.

Нутриционистите советуваат целосно да се избегнуваат купечките сувомесни производи, како што се кренвишлите, колбасите и шунката.

Инаку, стручњаците сепак не се сосема сигурни што точно во црвеното месо го зголемува ризикот од заболување од рак, но нема дилема дека во ограничени количини, црвеното месо е сепак неопхдно во исхраната затоа што содржи железо и протеини.

Истражувањето на Универзитетот Оксфорд ги анализирале податоците од пола милион луѓе, од кои во текот на шест години 2.609 заболеле од рак на дебело црево. Се покажало дека на секои 10.000 луѓе, кои дневно јаделе еден поголем лист сланина или месни преработки, заболеле 40 од нив. Според овие податоци, дури 5.400 од 41.804 случаи на заболени од рак на дебело црево можело да се спречи ако заболените не консумирале месни преработки.

Фото: Pixabey