Постер рецепти: Уште еден фантастичен ИКЕА изум

0
379

ИКЕА постојано не изненадува и ги поместува границите на дизајн, практичност и употребливост, а така е и со овој најнов изум. ИКЕА постер рецептот е сет од илустрирани рецепти кои се разликуваат од се на пазарот по тоа што станува збор за страници со исцртани состојки кои треба само да ги пополниме со истите и така да подготвиме некои од познатите и вкусни јадења.

ikea poster receptiОвие постер рецепти на ИКЕА се дел од канадската агенција Лео Бурнет и ИКЕА, а по повод претставувањето на новите ИКЕА кујни во Торонто. Се уште не е познато кога овие прекрасни рецепти ќе се појават во регуларна продажба во продавниците на ИКЕА, но во секој случај се уште едно во низата фантастични решенија од оваа компанија.