Состојки:
1/2 кг моркови
1 јаболко
1 лимон
2 шолји брашно
1 шолја масло
100 г кафеав шеќер
1 лажичка цимет
1 ванилин шеќер
1 прашок за пециво
1/2 лажичка сода бикарбона
100 г сечкани ореви
Кисела вода по потреба
Приготвување:
Морковите се рендаат, а исто и јаболкото. Се додава шеќерот и ванилиниот шеќер, па се додава сок од лимон.
Се додаваат останатите состојки и доколку е смесата густа се додава кисела вода.
Смесата се остава да стои половина час, а потоа се става во подмачкан сад за печење и се пече во загреана рерна околу 30-40 минути.