Помфрит од рерна со два вкусни додатоци

За само половина час направете извонредно вкусни крцкави компирчиња

0
333

Ова е всушност поедноставна верзија, а и поздрава, на помфрит заради кој нема да трошите пола литар зејтин, ниту пак ќе јадете мрсни компирчиња. А и полесно е

Состојки:

3 големи компири

5 чешниња лук

30 мл зејтин

Сол, црн пипер

30 г пармезан

Исечкан свеж магдонос

Приготвување:

Лукчето згмечете го и помешајте го со масло

Загрејте ја рерната на 220  степени. На тепсијата ставете хартија за печење

Исечете ги компирите не долги тенки стапчиња и ставете ги на хартиени салфети за да се впие водата

Распоредете ги компирчињата на тепсијата и прелејте ги со мешавината на масло и лук, зачинете и ставете ги да се печат. По десет минути измешајте ги и печете ги додека не добијат златеста боја. Извадете ги од рерна и поросете ги со пармезан.

Фото: Pixabey