Состојки:
Урми
Кандирана кора од портокал
Ореви или бадеми
Марципан
За глазурата: црно чоколадо и малку путер
Приготвување:
- Урмите пресечете ги по должина и наполнете ги со различни полнења: со кандирана кора од портокал и марципан или само со марципан и слично. Ако ги правите со глазура, затворете ги целосно. Во спротивно, оставете да се гледа полнењето.
- Растопете на пареа чоколадо со малку путер, ставете во шолја и ставајте ги внатре урмите една по една. Друга варијанта е секоја урма да се натопи само до половина. Ставајте ги да се сушат на мрсна хартија.