Состојки:
2 тиквички
2 јаца
урда
копар
маслиново масло
сол, црн пипер
Свежи ливчиња нане за декорација
За сосот:
10 – 15 кајсии
Зрна од коријандер
Приготвување:
Нормално, тиквичките се мијат и се сечат на неколку дебели тркалца, како на сликата. Се прави вдлабнатина.
Се мешаат урдата, јајцата и она што сте го издлабиле од тиквичките, се зачинува, се додава малку маслиново масло и се става од смесата во секоја тиквичка. Се печат во рерна.
За сосот, излупете ги кајсиите и ставете ги да се проварат на кратко. Додадете ги истолчените зрна коријандер и потоа измешајте ги со блендер.
Прелијте ги печените тиквички со сосот, украсете со свежи ливчиња нане од саксија и направете си како гарнир салата со печени пиперки и лукче.