Искористете го убавото време и наместо да правите комплицирани ручеци, купете си од првите пролетни тиквички и направете лесен ручек за половина час.
Состојки:
2 големи тиквички
2 лажици маслиново масло
Пола кромид
2 домати
1 лажица капари
100 г пармезан
Босилек
Приготвување:
Исечете ги тиквичките по должина и издлабете ја средината која ќе ја пропржите на маслиново масло заедно со ситно исечканиот кромид, исечканите домати, босилекот, сол и црн пипер. Динстајте ги 3-4 минути, а издлабените тиквици печете ги 6-7 минути во рерна на 180 степени, извадете ги, наполнете ги со филот, поросете ги со исечкани капари и тенок слој рендан пармезан и вратете ги во рерна и печете уште 10-15 минути.