Состојки:
500 г шампињони
Сол, бибер
2 лажички сушен или свеж босилек
50 г шунка
1 кромид
Масло
2 лажици павлака
30 г кашкавал
Приготвување:
- Измијте ги шампињоните и исчистете ги така за да има доволно место да се наполнат со смесата што ќе ја приготвите
- Исечете ги дршките и исечкајте ги ситно, зачинете со сол, бибер и босилек
- На врел зејтин ставете го исечканиот кромид и дршките од печурките. На крајот додадете ја исечканата шунка. Кога ќе го тргнете садот од рингла, додадете ги павлаката и кашкавалот
- Наполнете ги шампињоните со смесата и наредете ги во тепсија за печење. Печете ги околу 20 минути на температура од 180 степени.