Состојки:
3 лажици маслиново масло, плус една за попрскување
сол и свежо мелен црн пипер
брокула
1 конзерва грав
неколку лути пиперчиња
сол
Приготвување:
- Загрејте ја рерната на 200 степени. Избоцкајте ги компирите со вилушка и попрскајте ги со маслиново масло. На решетката од рерната ставете фолија и наредете ги компирите. Нека се печат околу 30 минути.
- Во меѓувреме сварете ги кратко брокулите и попрскајте ги со преостанатата лажица маслиново масло, со сол и со бибер. Кога компирите ќе омекнат, отворете ги и полека со вилушка притиснете за да се направи место за полнење. Наполнете ги со исцедениот грав, раслоени цветчиња од брокула и ситно исечкани лути пиперчиња. Сервирајте ги попрскани со масло и сол.