Полнети артичоки

0
193

Состојки:

4 артичоки

сок од 1/2 лимон

3 чаши презли

2 чаши рендан тврд кашкавал

1 мала дланка ситно сечкан магдонос

3 чешниња лук, 2 смачкани и 1 цело

2 јајца

вода

1 лажичка маслиново масло

сол и бибер по вкус

Приготвување:

  1. За да се подготват артичоките, прво треба да се отстрани стеблото на тој начин што ќе можат да стојат рамно, а потоа треба да се отстранат неколку слоеви од надворешните лисја. Се отсекуваат врвовите за да може да се гледаат слоевите од арточоката но и за да се направи простор за полнење меѓу нив.
  2. Ставете ги подготвените артичоки во голем сад со вода и сок од половина лимон и покријте ги со чинија за да се задржат потопени во водата. Ова ќе ги задржи артичоките влажни и ќе спречи да ја сменат бојата додека да се подготви полнењето, а исто така, ќе започне и омекнувањето на листовите.
  3. Измешајте ги состојките за полнењето, освен маслиновото масло и едно цело чешне лук кои се ставаат подоцна. Ставете ги артичоките во голема тепсија со вода колку да се покрие дното, една лажица маслиново масло и лукчето пресечено на половина. Наполнете ги со смесата а доколку ви остане вишок, направете топчиња и додадете ги во тепсијата.
  4. Ставете ја тавата на рингла вклучена на висока температура и почекајте водата да зоврие, потоа намалете ја температурата, покријте ја тавата и оставете да се вари 30 – 40 минути, додека не испари целата вода, а потоа послужете.